Објавено на:

Путин: Русија е способна да одговори на сите постоечки или нови закани

t

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да ги почитува ограничувањата од Новиот СТАРТ договор со САД уште една година по неговото истекување и дека чекорите за усогласување со ограничувањата ќе дадат резултати ако САД одговорат на ист начин.

Тој на состанокот на Рускиот совет за безбедност нагласи дека стратешката стабилност во светот продолжува да се влошува.

„За жал, таа продолжува да се влошува, што е предизвикано од комбинираното влијание на голем број фактори, вклучително и негативни, кои ги влошуваат постојните и создаваат нови стратешки ризици“, рече Путин на состанокот.

Најважните изјави на Путин од состанокот:

„Русија е подготвена да продолжи да се придржува кон ограничувањата според Новиот СТАРТ договор уште една година по 5 февруари 2026 година. Чекорите за усогласување со ограничувањата од Новиот СТАРТ ќе дадат резултати ако САД возвратат. Целосното напуштање на наследството од Новиот СТАРТ би било грешка. Русија е подготвена да одговори на сите стратешки закани, не само со зборови, туку и со воено-технички мерки. Политичко-дипломатско решение е секогаш подобро.“ – истакна Путин.

„Би сакал да нагласам, и никој не треба да се сомнева во ова, дека Русија е способна да одговори на сите постоечки или нови закани“, рече рускиот лидер.

Според Путин стратешката стабилност во светот продолжува да се влошува. Плановите за зајакнување на одбранбените капацитети се развиваат земајќи ја предвид глобалната ситуација и се спроведуваат целосно и навремено.

„Руско-американскиот систем за контрола на оружјето се распадна. Поради деструктивните чекори на Западот, темелите на дијалогот меѓу државите со нуклеарно оружје се значително поткопани. Западот се обидува да добие „апсолутно огромна супериорност“ во стратешката сфера. Системот на договори меѓу Русија и САД за контрола на ракетното, нуклеарното и стратешкото одбранбено оружје е речиси целосно демонтиран“ – се само дел од изјавите на рускиот претседател Путин.

Путин нареди внимателно следење на проширувањето на компонентите на американската ракетна одбрана, вклучително и подготовките за распоредување на системи за пресретнување во вселената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Русија е способна да одговори на…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија…

Кремљ: Путин останува отворен за мирно решавање…

Европските земји прават сè што е можно…

Естонскиот министер за одбрана: НАТО е подготвен…

Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур синоќа…

Москва демантира: Руски авиони не го нарушиле…

Руското Министерство за одбрана ги отфрли обвинувањата…

Косово ги заостри санкциите за Русија и…

Косовската влада на денешната седница одлучи да…