Скопје колабираше: Автобуските полни, граѓаните револтирани – нема автобуси на дел од линиите
Делови од Скопје денеска останаа без јавен превоз, што предизвика хаос и голем револт кај граѓаните. Најмногу на удар се учениците и студентите кои со часови чекаат на автобуските постојки, но автобуси нема, а дел од нив се принудени пешки да одат на училиште, објави 4NEWS.mk
На социјалните мрежи граѓаните масовно реагираат на состојбата, обвинувајќи за целосен колапс на јавниот транспорт.
„НЕМА АВТОБУСИ ЕЕЕЕЈ. НЕМААААА! Како децата ќе стигнат на прв час?“, коментира еден разгневен родител, објави 4NEWS.mk
Други сведочат дека по два и пол часа чекање поминале само два автобуси, преполни со патници во кои речиси и не можело да се влезе.
„Децата ми се враќаат пешки од училиште, по 90 минути пешачење, бидејќи нема автобуси!“, се вели во друга реакција.
Слични проблеми има и во населбите Лисиче, Драчево и Пинтија, каде граѓаните јавуваат дека автобуси воопшто не сообраќаат. Се споменуваат дефекти на возила, недостиг од гориво и запалени автобуси, објави 4NEWS.mk
„Еден се запалил, друг не застанува затоа што е преполн. Во 9 часот децата треба да излезат за да стигнат за втора смена?! Катастрофа невидена!“, се пожалија родители.
Гневот расте и поради тоа што надлежните институции немаат официјално објаснување за колапсот во јавниот превоз, додека граѓаните бараат итно решение.
Претходно од Град Скопје информираа дека компанијата Пуцко Петрол прекинала со достава на гориво за ЈСП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…