СДСМ: За хаосот во Скопје и ЈСП најголема вина имаат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

t

Скопје е во тотален хаос и нефункционалност веќе 4 години, со колабиран јавниот превоз катастрофално лоша состојбата во ЈСП само поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кавги со Арсовска, реагираат од опозициската СДСМ во партиско соопштение.

– Политичките пресметки се врз грбот на граѓаните на Скопје, затоа скопјани немаат превоз, немаат град.

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на град Скопје, но секогаш советниците ги кочат одлуките на штета на граѓаните. Управниот одбор на ЈСП исто така е на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го остави Скопје без автобуси и создаде хаос во јавниот превоз. Нема ниту М од модерно Скопје. Ги нема ветените 250 нови автобуси кои Мицкоски ги ветуваше пред скопјани а го нема ниту бесплатниот превоз. Само заради тоа што им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска.

Јасно е ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемие виновници за катастрофата која што му се случува на ЈСП и на целиот град. – стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…