Орбан: Европската Унија е на работ на колапс

t

ЕУ е на работ на колапс поради неможноста да се промени, како Римското Царство, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Зборувајќи пред унгарскиот парламент, тој рече дека Будимпешта, од друга страна, чувствува дека има сила да се развива побрзо.

„Морам да кажам дека не гледам во ЕУ капацитет за обнова што ни е потребен. Ако Унијата итно не направи остар пресврт, нејзината историја ќе заврши“, рече Орбан.

Унгарскиот премиер објасни дека веројатно нема да има ненадеен, драматичен колапс, туку дека тоа ќе се случи постепено, бидејќи сè повеќе земји-членки престануваат да ги следат упатствата на Брисел, слично на тоа како Римското Царство долго време веруваше дека продолжува да постои на своите поранешни територии, иако, всушност, одамна престана да постои.

„Ги гледам САД и Азија како се движат заедно со нас и ја гледам можноста и силата на Унгарија да се развива побрзо. Брзината на нејзиниот развој се мери со онаа на САД и Азија, а не со онаа на ЕУ“, истакна Орбан. Според него, ЕУ, како „лош GPS навигациски систем“, постојано ги менува плановите и никогаш не ги постигнува своите цели, што е очигледно преку воведувањето санкции, миграциската политика и еколошката транзиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане

В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…

Орбан: На барање на Унгарија создадена иницијатива…

Групата „Пријатели на мирот“ на земји од…

Oрбан: Унгарија нема да прима мигранти

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…

Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…

ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…

ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…