Пандов: Телефон немаат само затворениците кои сакаат да имаат мир
Верувам дека оваа година е намалена системската корупција во голема мера, дали е уништена – не, но верувам дека од година во година бројките и оние скалила кои што нè мерат, верувам дека Македонија само ќе напредува, рече в.д. директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов во одговор на новинарско прашање поврзано со системската корупција во затворите ширум земјава.
По денешната Меѓународна научна конференција во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, Пандов посочи дека откако е на чело на Управата за извршување санкции имал бројни средби со обвинители и судии и дека точно е дека таму постои корупција.
– Од она што го видов овие година дена во затворите можам да кажам дека буквално имало системска корупција… Овие година дена имав можност да се сретнам со голем број обвинители и судии и точно е дека таму постои корупција. Mеѓутоа, точно е и дека таму постои огромен процент на луѓе кои ја сакаат работата и не сакаат да сме на ова ниво со корупција. Не може една институција да ја уништи системската корупција – рече Пандов.
Тој вели дека во одредени затвори бројките на затвореници кои имаат мобилни телефони се поразителни, односно како што рече „нема телефон само оној којшто не сака да има телефон“.
– Во одредени затвори бројките се поразителни за мене, за тоа колку мобилни телефони имаат затворениците. Јас од позиција на в.д. директор на Управата за извршување санкции можам да правам контроли, меѓутоа борбата против корупцијата во самите затвори е на директорите на затворите и на затворската управа. Можам да посочам одреден број затвори каде што со кого сакате да викнеме да ги направат претресите, јас ве уверувам дека нема да најдеме ниту еден или еден-два телефони. Tочно е дека во одредени затвори нема телефон само оној којшто не сака да има телефон – рече Пандов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…