Српскиот академски пленум порача: Богдане, не си сам!
Академскиот пленум изрази целосна солидарност и поддршка за студентот Богдан Јовичиќ, кој денови наназад води борба за правда и достоинство. Неговата лична жртва веќе се претвори во симбол на пошироката битка за академска и општествена слобода, како и за еднакви закони што мораат да важат за сите.
Поддршки за Богдан пристигнуваат од студенти, професори, истражувачи и граѓани од цела Србија – од Нови Сад, Белград и Ниш, до Ваљево, Кикинда и Прибој. Во сите тие пораки се нагласува дека неговиот пример на храброст и истрајност е инспирација за сите кои одбиваат да се помират со неправдата.
Академскиот пленум посочи дека е недозволиво млад човек кој се бори за идеалите на правдата и слободата да биде изложен на ваков притисок, додека одговорните за смрт и штета уживаат привилегии.
„Богдановата борба не е само негова – тоа е борба на целата академска заедница и на општеството за еднаква правда, достоинство и слобода“, велат од Пленумот.
Пораката завршува со јасен повик: „Правда за Богдана!“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српскиот академски пленум порача: Богдане, не си…
Академскиот пленум изрази целосна солидарност и поддршка…
Филипче: Во четврток ќе ја презентираме драфт…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска…
Полска ги отвора граничните премини со Белорусија
Полска повторно ги отвори граничните премини со…
Заменикот и пушел во ресторан, албанската министерка…
Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу,…
Тимови од Пулмологија ќе вршат бесплатен скрининг…
Жителите на Трубарево утре и задутре ќе…