ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал, ќе тргнеме во одлучна акција за коренити промени во правосудството

t

Со судството и обвинителството во Македонија раководи кланот Заеви и кланот Ахмети. Тие се директните виновници кои држат судии и обвинители затоа што се уплашени поради криминалот кој го имаат направено. Затоа секој случај кој ќе почне завршува со неуспех, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Затоа секоја пријава на МВР или докази или допрен глас и укажување од Владата или јавноста за криминал на луѓе од СДС и ДУИ завршуваат без епилог, во нечија фиока или затворени се како случаи.

Но, имаме една порака. Ако до Нова година не се смени ова и нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал на разни политичко мафијашки групации во земјава, ние ќе објавиме и тргнеме во одлучна акција и чекори кои тоа ќе го променат од корен.

Укажувавме, повикувавме, апелиравме, молевме, но безуспешно.

Народот е разочаран.

Апатијата се зголемува. Довербата во правна држава ја нема. Надежта се губи.

Нема да го дозволиме тоа. Ќе биде или тие или Македонија. Или тие сите криминалците без разлика на политичка и етничка припадност на една страна, или ние со народот на другата.

Доаѓаат тешки моменти за корумпираните судии, обвинители, и политичари и бандити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА ГАРАНТИРА ЗА ПОШТЕНСКА…

Народната банка на Србија (НБС) излезе со…

ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…

ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…

Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…

Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…

Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…