Алиу: Седумгодишното девојче кое почина во Клиничката болница во Тетово претходно се лекувало во приватна здравствена установа

t

Седумгодишното девојче кое почина во Клиничката болница во Тетово, претходно еден ден било третирано во приватна здравствена установа. Ова вечерва го истакна министерот за здравство Азиу Алиу.

-Ние баравме од Државниот санитарен инспекторат да оди таму, и веќе имаме резултати оттаму, наодот ни е доставен официјално. Утре ќе имаме наша експертска група што ќе ги види од клиничка гледна точка ќе го анализира целиот процес, рече Алиу во вечерашната Топ Тема.

Алиу појасни дека според патоказот за лекување, седумгодишното девојче се лекувало во рамките на прописите, но сепак се потребни уште проверки. Посочи дека дополнително се уште се чекаат резултатите и од обдукцијата.

-Според тоа што го читав остава простор за понатамошно следење на процесот. Се уште е рано да се излезе со детали за случајот без притоа, клинички со наша група на експерти да се анализира уште еднаш, додаде Алиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алиу: Седумгодишното девојче кое почина во Клиничката…

Седумгодишното девојче кое почина во Клиничката болница…

Трамп до Зеленски во ОН: Русија има…

Русија има голема воена моќ, изјави американскиот…

Приватен факултет во Скопје е затворен, му…

„Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување…

Трамп: „ВАШИТЕ ЗЕМЈИ ОДАТ ПО ЃАВОЛИТЕ ПОРАДИ…

Во однос на Украина, првиот човек на…

Израелската армија презеде контрола врз поголем дел…

Израелските тенковски единици во последните 24 часа…