Приватен факултет во Скопје е затворен, му нашле неправилности и не ги поправил
„Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за нивно отстранување, Министерството за образование и наука информира дека е донесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје“, соопшти МОН.
Нерегуларностите ги констатирала посебна комисија во рамки на МОН за вршење надзор над законитоста во работењето, а одлуката за привремено запирање на работата на приватната висока школа е донесена и врз основа на мислење од страна на Одборот за акредитација на високото образование.
На Факултетот за бизнис економија, велат од МОН, нема запишани нови студенти во академската 2025-2026 година. Кон веќе запишаните студенти, високообразовната установа ќе ги исполни обврските предвидени во Законот за високо образование со цел овозможување непречена понатамошна едукација, односно префрлање на други факултети.
НАЈНОВО НА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приватен факултет во Скопје е затворен, му…
„Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување…
Трамп: „ВАШИТЕ ЗЕМЈИ ОДАТ ПО ЃАВОЛИТЕ ПОРАДИ…
Во однос на Украина, првиот човек на…
Израелската армија презеде контрола врз поголем дел…
Израелските тенковски единици во последните 24 часа…
Филипче најави дека в четврток ќе ја…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска…
Тасевски: Немаме ниту еден функционален радар на…
Ние немаме ниту еден функционален радар за…