Зеленски: Без Кина, Русија е ништо

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Русија, како членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, прави сè неказнето за да го продолжи времетраењето на најголемата војна во Европа од Втората светска војна.

„Со користење на правото на вето, (Русија) купува влијание и го држи мирот „на чекање“, рече тој за време на говорот на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, објави Ројтерс.

Тој истакна дека Кина има и претставник во Советот за безбедност на ОН и ја опиша Кина како „моќна нација на која Русија целосно се потпира“.

„Без Кина, Путиновата Русија е ништо“, рече Зеленски и оцени дека Кина е премногу често тивка и дистанцирана, наместо да биде поактивна кога станува збор за мир.

Зборувајќи за Соединетите Американски Држави, со чиј претседател Доналд Трамп се сретна пред обраќањето, Зеленски рече дека очекува потезите на Вашингтон да ја насочат Москва кон мир.

„Сега се сретнав со претседателот Трамп, со кого разговаравме како конечно можеме да постигнеме мир. Разговаравме за некои добри идеи, се надевам дека ќе вродат со плод. Благодарен сум за таа средба. „Москва се плаши од Америка и ѝ обрнува внимание“, рече Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…