СДСМ: Мицкоски го блокираше Скопје поради пропаднати бизнис-интереси со Арсовска
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) смета дека премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ се директни виновници за хаосот со ѓубрето во Скопје, како и за четиригодишната блокада на градот.
Според СДСМ, залудни се обидите на Мицкоски да се дистанцира од градоначалничката Данела Арсовска.
„Џабе му е на Христијан Мицкоски да се правда и дистанцира од Данела Арсовска, за хаосот што му го приреди на Скопје. Граѓаните немаат заборавено и многу добро паметат дека токму Мицкоски лично, со помпа ја промовираше Арсовска како ‘независен кандидат и најдобар менаџер’“, се вели во соопштението од СДСМ.
Од СДСМ велат дека Арсовска му одговарала на Мицкоски како извршител сè додека не му пропаднале бизнис-зделките.
„Тој е директен виновник за хаосот во Скопје – за тоа што градот е претворен во една голема депонија затрупан со ѓубре, со дотраен јавен превоз, со токсичен воздух“, велат од партијата.
Оттаму посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници во Советот на Град Скопје четири години го држеле градот во заложништво.
„Лично, по налог на Мицкоски ниту една мерка, ниту еден проект во интерес на граѓаните не беше изгласан. 26 пати ја блокираа набавката на автобуси и ги оставија скопјани со нефункционален јавен превоз“, се додава во соопштението.
Според партијата, денес, кога граѓаните плаќаат висока цена за тоа политичко пазарење, Мицкоски се обидува да ја префрли вината и додаваат дека скопјани се жртви на незаинтересираноста на ВМРО-ДПМНЕ и кавгите меѓу Мицкоски и Арсовска.
Од СДСМ најостро го осудуваат ваквото однесување и повикуваат на ослободување на Скопје од „заложништвото на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Нема да се откажеме од борбата Скопје да добие одговорно и ефикасно раководство кое ќе работи во интерес на сите граѓани, а не за лични и партиски договори зад затворени врати“, порачуваат од СДСМ.
Хаосот со ѓубрето што го има во Скопје изминатите денови, денеска беше повод за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната градоначалничка Данела Арсовска да си упатат обвинувања за тоа кој е виновен за блокадата на градот.
Мицкоски рече дека чувствува одговорност за тоа што ја дал поддршката за Арсовска на минатите локални избори и се извини заради тоа. Арсовска, пак, врати извинување до граѓаните за тоа што мислела дека тој е чесен, интелектуалец и професор, не знаејќи, како што рече, што е навистина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски го блокираше Скопје поради пропаднати…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) смета дека…
Левица: Нема вода за стружани – има…
„Додека делови од Струга се оставени и…
Кос: Очекуваме уставните промени во Северна Македонија…
Северна Македонија се обврза да го промени…
(Видео) Повторно гори ѓубре, сега во Прилеп…
Над Прилеп попладнево се извива густ столб…
Јордановска за Тошковски: Откако е дојден на…
Верувам дека пораките што Росица ги испраќала…