(Видео) Мицкоски ги нарече судиите и обвинителите „кодоши“ во Брисел
пресуди дали судиите и обвинителите заслужуваат зголемување, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој и официјално им најави војна на судско-обвинителската фела а дел од судиите и обвинителите ги нарече „кодоши во Брисел„.
Премиерот порача дека после локалните избори, ќе имало како што рече „чистење на поранешни рецидиви во судско-обвинителската служба со што пак ќе се отвори простор за нови вработувања. Премиерот денеска втор ден директно го вперува прстот во судство и во обвинтелството по пресудата од 2 години за прегазувањето на 22 годишната Теодора од Тетово и условната казна за докторката од Онкологија – Мери Пешевска.
Од опозициската СДСМ пак велат дека судството се претворило во партиска филијала.
СДСМ: Мицкоски одби да ги донесе неопходните реформски закони и покажа дека нема никаква намера за независно судство туку само едно, заробено и послушно судство, под диктат на ВМРО-ДПМНЕ. За 2025 година беа предвидени вкупно 12 закони, од нив, во Собранието не е поднесен ниту еден. Наместо реформи и независно судство, Мицкоски судството го претвори во партиска филијала, со судии кои се сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери.
Од Здруженијата на судии и јавни обвинители денеска не излегоа со реакции на изјавата на премиерот. Вчера, судиите се пожалија дека нивните плати од 86 000 денари биле најниските во регионот. Обвинителите пак, рекоа дека со едвај 0,2 % од државниот буџет сериозно се попречени да си ги покријат основните трошоци за работа. Според премиерот барањето за зголемување на буџетот во правосудството не е за реформи, туку за коруптивни обвинители и судии. Од Владата остануваат на ставот дека петте закони од реформската агенда кои се однесуваат на правосудството ќе бидат донесени како обврска од Планот за раст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…