Јованов: Забраната за рекламирање на Левица покажува страв од вистинска опозиција

t

Објава на социјалните мрежи на Тамара Јованов – Професорка на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“, Катедра за менаџмент.

Забрана за рекламирње на Левица на националните медиуми или во превод, насилно одржување на идејата за бипартизам и изборот меѓу големото и поголемото зло (сдс-дпмне)!

Зошто е ова опасно и најштетно за граѓаните!?

Во едно демократско општество, изборите се фер само тогаш кога сите политички партии имаат еднаква можност да допрат до граѓаните со своите пораки, идеи и програми. Рекламирањето преку медиумите е клучен начин преку кој значаен дел од граѓаните добиваат информации за тоа што нуди секоја партија.

Кога власта незаконски забранува на опозициска партија да се рекламира, тоа значи дека на политичарите од Левица им се ускратува правото да им објаснат на граѓаните што предлагаат и за што се залагаат.

Ваквото незаконско делување се прави кога таа опозиција (читај Левица) се смета за закана за власта!

А хоштаплерите од Знам, како и досега, договорено одработуваат како бафер за незаконското делување на власта!

Ова има неколку сериозни последици:

1. Нарушување на еднаквоста во изборната трка! Ако власта може да се рекламира, а опозицијата не, изборите стануваат нефер и резултатите се доведуваат под сомнеж.

2. Ускратување на правото на информираност на граѓаните! Основно право на граѓаните е да слушнат повеќе мислења и предлози, за да донесат свесна одлука. Кога се слуша само едната страна (сдс и дпмне се две страни на иста паричка), луѓето се манипулираат со еднострани информации. Нивниот избор тогаш лажно се сведува на едно те исто како во изминатите 34 години!

3. Поткопување на демократијата! Демократските општества, како и нашето (иако далеку од демократско), се темелат на плурализам, односно можноста повеќе идеи и партии да се натпреваруваат за гласот на граѓаните. Забраната е јасен показател на авторитарно владеење и страв од критика и губење поддршка од гласачите.

4. Штетата на крајот е на гласачите!Најголеми губитници со ваквите практико се самите граѓани. Без целосна слика за понудените политики на Левица, дел од гласачите, а особено оние кои чекаат политичка кампања за да се информираат (кај нас не се малку за жал), ќе гласаат во услови на ограничени информации и ризикуваат да изберат опција која доминира со видливост и лажни ветувања, а не е во поширок општествен интерес (токму како дпмне или сдс), од причина што не добиле можност да ја слушнат алтернативата.

Незаконската забрана за рекламирање на опозицијата не е само партиско прашање, туку е директен удар врз правата на сите граѓани, нивното право на избор, информираност и плурализмот!

Замислете реално да ги имавме како опции само сдс и дпмне?

Слободно може да кажеме дека тоа би било еднакво на национално самоубиство!

Овојпат, понудата на Левица може нема да ја видиме на телевизија и по портали, ама свесните гласачи веќе знаат кој го заслужува нивниот глас!

Знаат дека е време да се даде доверба на луѓето кои беа доследни на ветеното – прв пат во историјата на современа Македонија!

На овие избори бројот 6 е среќниот број!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јованов: Забраната за рекламирање на Левица покажува…

Објава на социјалните мрежи на Тамара Јованов…

Реџеп Исмаил за медиумската блокада: Што е…

Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, остро реагираше…

Починат маж пронајден во хотел во Тетово

Вчера во 09:20 часот во СВР Тетово…

Разбиена сириска мрежа: Парите од дрога ги…

Италијанските обвинители соопштија дека разбиле мрежа предводена…

(Видео) Чадна бомба фрлена во Собранието во…

Во салата на Собранието во Заечар била…