Димитриеска-Кочоска: Приватниот сектор е двигател на економскиот раст, по години пад имаме позитивни трендови во градежништвото и земјоделството

t

Економските показатели во одредени сектори конечно покажуваат позитивни резултати. Ме радува тоа што после долго време податоците за Бруто домашниот производ (БДП) покажуваат дека приватниот сектор е главниот двигател на економскиот раст во нашата земја, со особено значајно учество на градежништвото и земјоделството. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето гостување во Бизнис 21 на ТВ21, нагласувајќи дека растот денес не зависи од јавната потрошувачка, туку од активностите и инвестициите на приватните компании.

„Она што посебно ме радува и охрабрува е фактот дека приватниот сектор создава нови можности, инвестира во развој и ја стимулира продуктивноста на економијата. Градежништвото бележи забележителен раст, кој директно влијае на инфраструктурниот развој, а земјоделството, после долги години негативни резултати, покажува позитивна динамика два последователни квартали. Ова јасно покажува дека сме на правилната патека и дека остваруваме резултати согласно она што како влада сме го планирале“, кажа министерката.

Таа додаде дека, и покрај предизвиците во јавниот сектор и пазарните ограничувања, приватните компании продолжуваат да ја стимулираат економијата, придонесувајќи за стабилноста и одржливоста на Бруто домашниот производ. „Особено ме радува што растот сега го генерира приватниот сектор, кој е моторот на економијата, а не јавната потрошувачка, како што тоа беше случај во минатото“, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Министерката истакна дека Владата останува посветена на создавање услови за понатамошен развој на приватниот сектор.

„Ќе продолжиме да поттикнуваме бизнис средина, да вложуваме во инвестиции, иновации и нови работни места и да ја одржуваме фискалната дисциплина. Приватниот сектор, особено градежништвото и земјоделството, покажуваат дека се основниот двигател на економскиот раст и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме со конкретни мерки и стратегии“, подвлече таа.

„Очекуваме дека оваа позитивна динамика ќе продолжи и во следните квартали, а Владата ќе остане фокусирана на зацврстување на економските основи, поддршка на бизнисите и создавање поволна клима за инвестирање“, заклучи министерката за финансии и додаде дека овие податоци за приватниот сектор се поттикнати и од поддршката која ја добија компаниите од унгарскиот кредит кој се реализира преку Развојната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Мицкоски за правосудниот испит: Македонскиот јазик е…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско…

Македонците потрошиле 530 милиони евра онлајн за…

Онлајн купувањето во Македонија продолжува да бележи…

Еди Рама: Никој не може да ме…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…