Апасиев: Оваа политичка дискриминација ќе се расправа во Европскиот суд за човекови права во Стразбур – Левица најавува тужба за АВМУ и ДИК
Фејсбук објава на претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев
Видете го лицемерието на АВМУ (Зоран Трајчевски) и ДИК (Борис Кондарко)…
Кога беше за “Независните” не им беше проблем да се стават во улога на законодавец и со подзаконски акт да регулираат правна празнина.
Кога е за ЗНАМ, дури во Упатството за платено политичко рекламирање измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” (иако законот оперира само со терминот “коалиција”), за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, иако не се формално во коалиција и имаат две бројчиња.
Ама кога е за Левица – не можеле они да толкуваат!? (иако целта на законот е СИТЕ ПАРТИИ и парламентарни и вонпарламентарни да добијат средства од државата). Тоа во правото се вика телеолошко толкување, ама многу сте прости, пакосни и корумпирани да го сфатите, па се држите само до граматичко-позитивистичкото.
Па така, за прв пат во независна Македонија на една легална регистрирана партија ефективно ќе и биде ЗАБРАНЕТО ДА СЕ РЕКЛАМИРА дури и со свои пари! Слушајте ми го зборов дека за оваа политичка дискриминација ќе се расправа дури и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Но, оваа НЕПРАВДА која ни ја прават ќе предизвика “ефект на бумеранг”, па наместо штета – бидете сигурни дека НАРОДОТ гледа и интуитивно се солидаризира со оној на кој му се прави лошотилак!
p.s. Не се откажуваме ниту од правната борба. Нашиот правен тим ќе спреми и кривични пријави и тужба за оштета против сите членови на ДИК и на Советот на АВМУ, за предизвикана материјална штета на Левица која ќе ја утврдиме дополнително, со финансиско вештачење.
p.p.s. Уставниот суд, коо по обичај, не е од тука. Го има фатено зимскиот сон, иако “ПЛУРАЛИЗМОТ” и слободните и фер избори се темелни вредности на нашиот уставен поредок кои тој нели, божем, треба да ги штити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГРК Охрид го одбрани пехарот на струшкиот…
Во финалето на традиционалниот ракометен турнир што…
Воздушна тревога во Романија: Авион на НАТО…
Романското Министерство за одбрана денес објави дека…
Денес се празнуваат Преподобните Исакиј, Далмат и…
Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Црна Гора во пламен: Пожари беснеат во…
Пожари се активни во пет општини во…