ДУИ: Извртување на тезите на Ахмети, Македонија е унитарна држава

t

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро реагира на, како што ги нарече, „тенденциозните наслови и интерпретации“ во дел од медиумите поврзани со синоќешната изјава на нејзиниот лидер Али Ахмети. Од партијата велат дека се работи за „скандалозна, неодговорна и поттикнувачка злоупотреба и извртување на јасната и недвосмислена порака“ на Ахмети, при што категорично отфрлаат дека станувало збор за повик за поделба на државата.

„Во изјавата беше потенцирано дека целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба. ДУИ останува доследна на својата визија: Македонија да биде унитарна, заедничка и еднаква држава – не поделена, туку секогаш наша заедничка татковина“, стои во соопштението на партијата.

ДУИ упати апел до медиумите за професионално и одговорно известување, кое, како што велат, нема да поттикнува погрешни перцепции и недоразбирања кај граѓаните. Контроверзии предизвика изјавата на Ахмети дадена од Тетово, во која тој му се обрати директно на премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи што би можело да предизвика евентуалното скршнување од европскиот пат. „Ако не го продолжи Македонија својот пат кон ЕУ, тогаш граѓаните на оваа земја нема да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а другите со Бугарија“, пренесе порталот „Тетова сот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија сака да воведе данок за богатите…

Италијанската влада предложи нова даночна мерка што…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…

Зеленски предложи зимско примирје со Русија за…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека растечкото…

Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…

Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…

Денес се празнува Светиот маченик Арета

Овој Свет маченик пострада за Христовата вера…