Вучиќ од Њујорк: Америка ќе воведе санкции врз НИС на 1 октомври
Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати на медиумите по бројните средби што ги имаше денес во Њујорк.
– Имав разговори со бројни светски лидери од моментот кога заврши мојот говор на Генералното собрание на ОН. Имав двочасовен разговор со Коста, со германскиот министер за надворешни работи, од утрово имавме разговори со Гутереш, со претседателот на Конго, имавме и разговори со Каја Калас. Би рекол долг и сериозен разговор со шефот на европската надворешна политика и безбедност, со Лами. Ќе разговараме и со луѓе од таканаречените неврзани земји.
Во сите овие разговори, пред сè со европските лидери, ја потврдивме нашата посветеност на европскиот пат, на реформите, разговаравме на исклучително демократски начин и за некои несогласувања, но недвосмислено ја потврдивме желбата на Србија да го забрза својот европски пат.
Ја истакнав тешката ситуација и положба на српскиот народ во Косово, од моментот кога Курти ја презеде власта. Разговарав и за Експо, таков спектар на разговори.
Од 1 октомври ќе имаме санкции врз НИС. Русите се мнозински партнер во НИС од 2007 или 2008 година, но ние ќе платиме висока цена. Бевме исклучително фер кон нашите руски партнери, кон нашите американски партнери. Ќе се обидеме да бидеме фер, но луѓето ќе мора да знаат дека ќе платиме исклучително висока цена. Ниедна банка нема да сака да работи, тогаш ќе има и проблем со платите, но да видиме, да почекаме, можеби ќе се случи чудо до 1 октомври, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц пристигна во Киев: Германија подготвува милијарда…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц утрово пристигна во…
Трамп: Не можете едноставно да ги исклучите…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го поддржа…
Студено утро, па сончево и релативно топло…
Времето денеска ќе биде со ведро и…
Сомнеж за чума во Сибир: Почина лабораториска…
Сомнеж за чума во Сибир: почина лабораториска…
Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз…
Дел од улиците и булеварите во Скопје…