Србија: Повеќе од 500 парчиња оружје исчезнале од полициската станица во Дољевац
Повеќе од 500 парчиња оружје исчезнале од простории на полициска станица во српскиот град Дољевац (15 км југозападно од Ниш), јави Н1 повикувајќи се на извори.
Според нив, исчезнато е нелегално оружје што граѓаните, по наредба, ѝ го предале на полицијата.Станува збор за функционални пушки, пиштоли како и муниција.
Медиумот и изворот наведуваат дека не се знае кога е исчезнато оружјето, дали има осомничени и како е тоа направено.
МВР не одговара ниту на барањето на Н1 за тој случај.
Од полициска станица во Ниш во 2023 година исто така исчезна оружје и се води судски процес против еден полицаец и тројца блиски на него лица. Тоа оружје завршило на црниот пазар
Според медиумите, обвинетите се товарат само за три пиштоли што биле пронајдени, иако многу повеќе биле исчезнати, наведува Н1
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц пристигна во Киев: Германија подготвува милијарда…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц утрово пристигна во…
Трамп: Не можете едноставно да ги исклучите…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го поддржа…
Студено утро, па сончево и релативно топло…
Времето денеска ќе биде со ведро и…
Сомнеж за чума во Сибир: Почина лабораториска…
Сомнеж за чума во Сибир: почина лабораториска…
Изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз…
Дел од улиците и булеварите во Скопје…