Унгарија официјално ја прогласи Антифа за терористичка организација

t

Унгарската влада одлучи да ја прогласи Антифа за терористичка организација на состанок на кабинетот, изјави премиерот Виктор Орбан.

Орбан изјави за јавниот сервис дека владата ќе состави национален список на терористички организации и ќе преземе најстроги можни мерки против нив, нагласувајќи дека државата мора да биде лидер во обезбедувањето сите „најавени криминални намери“ да не останат неказнети.

Унгарскиот премиер оцени дека животот во Европа се влошува и дека околината се менува против нашата волја, поттикнувајќи агресија, што влијае и на политичкиот дискурс, објави МТИ.

„Наскоро, само Централна Европа, и главно Унгарија, ќе се смета за остров на мирот“, рече Орбан, нагласувајќи дека владата сака јасно да стави до знаење дека Унгарија сака да остане мирна и безбедна земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија официјално ја прогласи Антифа за терористичка…

Унгарската влада одлучи да ја прогласи Антифа…

Петровска: Предлог Резолуцијата за црвените линии е…

Пратеничката Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“…

Алиу: За два дена над двесте прегледани…

Министерството за здравство во соработка со Клиниката…

Путин: Русија постигнува успех на сите полиња

Русија постигнува успех на сите фронтови -…