Вучиќ се сретна со Нетанјаху во Њујорк
Српскиот претседател Александар Вучиќ, на маргините на 80-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, оствари средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдул бин Зајед ал-Нахјан, и со неколку европски и регионални лидери. Вучиќ во објава на социјалните мрежи изјави дека имал добар и значаен разговор со израелскиот премиер.
„Особено е важно што ја отворивме темата за преговори за договор за слободна трговија меѓу Србија и Израел, што би бил голем чекор во развојот на нашите идни односи“, напиша Вучиќ.
Во Њујорк, српскиот претседател разговараше и со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдул бин Зајед ал-Нахјан, за соработката и зајакнувањето на врските меѓу двете земји. Вучиќ нагласи дека верува оти соработката меѓу Србија и ОАЕ ќе продолжи да се развива врз основа на доверба, меѓусебно почитување и заедничка визија за просперитетна иднина. Тој изјави дека Србија го цени партнерството со ОАЕ, засновано на заеднички вредности и долгорочна визија за подобра иднина.
„Го замолив да ги пренесе моите топли поздрави до шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, голем и важен пријател на Србија, чиј придонес во зајакнувањето на врските меѓу нашите земји е од особено значење и кој неуморно работи на зајакнување на пријателството меѓу нашите народи“, додаде Вучиќ.
Вучиќ изјави дека разговарал и со неколку европски и регионални лидери, нагласувајќи дека Србија е почитувана и признаена насекаде. Тој изјави дека разговарал со шпанскиот премиер Педро Санчез, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…
Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…
„Фајненшл тајмс“: Русија договорила испорака на 90…
Русија се согласила да му испорача на…
Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ „ТЕОДОР РУЗВЕЛТ“ НЕМА…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“,…
Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…
Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…