Скринингот кој го побара СДСМ покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе одговара?

t

Скринингот што го побара СДСМ, по пожарот во Трубарево, уште еднаш потврди дека Владата на ВМРО ДПМНЕ лажеше дека воздухот не е загаден, соопштија од партијата.

– Анализите потврдија – 18 граѓани биле изложени на штетни материи со реални здравствени последици, токму од високото ниво на загаденост на воздухот. Ова е јавна здравтсвена катастрофа.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат.

Уште колку луѓе треба да заболат за власта да признае дека погрешила?

Оваа влада е директно одговорна за труењето на луѓе во Трубарево и околината. Лажеа дека воздухот само изгледал загаден, не било алармантно. Официјалните податоци што се објавија дури шест дена по пожарот покажува речиси дванаесеткратно надминување на кадмиумот (59,1 ng/m³ наспроти дозволени 5), зголемени вредности на арсен и олово.

Наместо навремена реакција, превенција и грижа за здравјето на граѓаните, власта избра да лаже и минимизира, да се обидуваат да ја покријат штетата со ПР-паравани, со некакви хибридни напади.

Вистината излезе на виделина – има заболени луѓе, има жртви на негрижата и непостапувањето на Владата на ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ со недели предупредуваше дека е потребна итна акција, скрининг и евакуација.

ВМРО-ДПМНЕ не само што не ги заштитија граѓаните, ги доведоа во опасност, го загрозија нивното здравје. И за тоа мора да има одговорност.

СДСМ бара итна политичка и институционална одговорност од сите надлежни што не постапија навреме – министерот за здравство, министерот за внатрешни работи, директорот на ЦУК – стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…

СДСМ го прозва обвинителот за случајот Гостивар:…

Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС кога…

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот…

СДСМ: Отруена е цела Македонија, а никој…

„Поради тендер патриотите Христијан Мицкоски и Сашо…

Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче…

Талогот од СДС и предавникот Филипче не…