Јавнообвинителската служба се наоѓа на работ на целосен колапс, поради континуираното заминување на кадар!
Соопштение до јавноста
Синдикална организација на јавни обвинителства при Синдикат на УПОЗ
Синдикалната организација на јавни обвинителства при Синдикатот на УПОЗ ја известува јавноста и надлежните институции дека јавнообвинителската служба се наоѓа на работ на целосен колапс, поради континуираното заминување на кадар. Главната причина за оваа состојба е постојаното потценување и невреднување на трудот на јавнообвинителските службеници. Единствена светла точка и излез од оваа состојба на безислезност ја гледавме во донесување на Законот за јавнообвинителската служба.
Сметавме дека потегот на Министерството за правда да ги вклучи јавнообвинителските службеници во процесот на подготовка на закон што е lex specialis токму поради специфичноста на оваа служба и ги уредува нивните права и обврски ќе вроди со плод и дека конечно ќе се слушне гласот на јавнообвинителските службеници. Во групата учествуваа претставници од сите категории на службеници и беше подготвен закон што ги адресираше сите реални проблеми и потреби со кои се соочуваме – услови за работа, обврски, надлежности, дежурства, надоместоци, дневници и најважно, соодветно вреднување преку системот на плати и коефициенти.
Овој предлог на закон подготвен од претставници од базата на јавните обвинителства ги отстранува недостатоците од претходниот закон и обезбедува стабилност на службата, која денес е сведена на само една четвртина од потребниот број вработени. Но, со објавување на законот на ЕНЕР нашите надежи пропаднаа бидејќи се појави верзија на Законот за јавнообвинителска служба која во клучните делови не кореспондира со нашите предлози и повторно ги остава службениците без решенија за суштинските проблеми.
Во овој контекст ќе потсетиме дека во 2023 година, поради истите нерешени прашања, бевме принудени да организираме штрајк што траеше три месеци. За жал, тогаш немаше слух за нашите барања. Затоа денес, кога повторно се најавува носење на новиот Закон и кога секоја синдикална организација наоѓа „пат“ до извршната власт, јасно и гласно кажуваме дека ние како Синдикална организација на јавните обвинителства:
- Мора да бидеме дел од преговорите – како единствени претставници на јавнообвинителската служба.
- Остануваме на нашиот Предлог-закон, подготвен од работната група во соработка со Министерството за правда.
- Платите на јавнообвинителската служба мора да се зголемат и воедно да се уредат сите елементи на работниот однос – дежурства, надоместоци, дневници и вонредна работа, кои иако беа утврдени и во одредбите на стариот закон и ни следуваат, не се исплаќаат.
Јавноста треба да има предвид дека нашата работа е специфична и бара висок степен на одговорност, доверливост, чесност и професионалност. Но кога овој труд не е соодветно вреднуван, службата станува неатрактивна, а платите и додатоците се под државниот просек – ниту еден службеник не зема плата во висина на просечната плата во државата.
Затоа, силно апелираме Законот за јавнообвинителска служба да се донесе веднаш по локалните избори во форма во која беше подготвен првично и итно да започне со подготовка и имплементација на сите подзаконски акти, како и отстранување на бариерите за кадровско екипирање.
Ние остануваме отворени за соработка со сите надлежни институции – единствено во интерес на граѓаните и на квалитетна, навремена и ефикасна услуга од јавнообвинителската служба.
Со почит,
СИНДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА ПРИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛСТВА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јавнообвинителската служба се наоѓа на работ на…
Соопштение до јавностаСиндикална организација на јавни обвинителства…
Увидот на лице место во Трубарево ќе…
Увидот на лице место во однос на…
Нови детали од ОЈО: Убиецот имал забрана…
Основното јавно обвинителство Велес денеска со соопштение…
Поднесено обвинение за депониите во Вардариште против…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Откриени над 30 килограми марихуана, предложен притвор…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…