Претрес во скопско, пронајдени гранки и стебла од канабис, приведено едно лице
На 26.09.2025 околу 19:00 часот во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(50) од селото. Претходно, при преземање службени дејствија, полициски службеници од ЕИП при СВР Скопје забележале дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис. Подоцна, со судска наредба, Единицата за недозволена трговија изврши претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени и одземени 90 гранки од растението канабис и две ќеси со помали гранчиња од растението канабис.
Лицето е задржано во Полициска станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претрес во скопско, пронајдени гранки и стебла…
На 26.09.2025 околу 19:00 часот во с.Страчинци,…
Скопјанец во фолија во двор одгледувал канабис
На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци,…
При претресот кај Кумановска горила пронајдена целокупната…
Фејсбук обајава на Милош Милошевски Вака изгледа…
Претреси на неколку места во Македонија, пронајдена…
Полицијата изврши претреси во Неготино и Кавадарци.…
Пиштол и муниција пронајдени во домот на…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…