Кафанџија за Карпош, тендери за Онкологија – граѓаните заслужуваат подобро!
Кафанџија за Карпош, тендери за Онкологија – граѓаните заслужуваат подобро, стои во денешната реакција на ГРОМ откако ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Стевчо Јакимовски, според нив, е кандидат на СДСМ за градоначалник на Карпош.
– Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија со лаги и навреди. А најиронично од сè е што во Карпош ни го доведоа за кандидат човек кој до вчера седеше по кафани, со купена диплома пред една година, и единствено искуство му е чашката, а не проекти и работа.
Граѓаните треба да знаат дека овој нивни „кафанџија-кандидат“ денеска седи во канцеларија и оперира со државниот буџет. Преку фирмата Алкалоид Конс се набавуваат лекови за Онкологија – па нека проверат зошто доцнат терапиите и колку тендери имаат добиено. Таму лежи вистинската приказна.
Докторите од Онкологија имаат многу што да кажат. Јавноста има право да знае дали профитот и договорите им се поважни од здравјето на пациентите.
Затоа, наместо да измислуваат лаги за Карпош, нека одговорат на едно едноставно прашање:
Кој профитира од тендерите за лекови и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош?
Карпош не е кафана, ниту ќе биде експеримент на нивните школски другарчиња. Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае.
Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив, стои во соопштението на Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кафанџија за Карпош, тендери за Онкологија –…
Кафанџија за Карпош, тендери за Онкологија –…
Наместо проекти – кафани и тендери: Оваа…
Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија…
Јакимовски: Нема да молчам – ќе продолжам…
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, сподели…
(Видео) Јакимовски: Девет нови најквалитетни игралишта во…
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, сподели видео…
(Видео) Општина Карпош ја доби назад спортската…
*Фејсбук објава на градоначалникот на општина Карпош,…