Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.

„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.

Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС, и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.

„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.

Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…

Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…

Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски…

Марија Митева, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ…

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

(Видео) Без индустрија нема развој, ниту задржување…

Бојан Ѓорѓиевски смета дека Македонија не може…

(Видео) Стерјовски во ОН: Македонците во Албанија…

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција…