Османи: Преговарачката рамка ги има постигнато двете најважни прашања по однос на релацијата со Бугарија
Секој кој се обидува да не ја почитува или да пресоздава нови алтернативни варијанти, верувајте дека влегува во ризичен терен. Преговарачката рамка ги има постигнато двете најважни прашања во однос на односот со Бугарија -јазикот и посебноста на народот. Уставните измени се единствената гаранција за посебноста, јазикот е дефиниран во преговарачката рамка, секој кој се обидува да отвори нови состојби со Бугарија, всушност мислам дека работи за Република Бугарија.
Вака одговори попладнево на новинарско прашање, кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, по презентација на неговата програма за претстојните локални избори.
– Јас останувам на ставот дека има некои прашања што мора да излезат од двневно – политичкиот дискурс за политички поени. Тоа се прашањето на Европската Унија и прашањата поврзани со Европската Унија. Мислам дека во неколку наврати во која било функција, сум побарал да има натпартиски договор по однос на тие стратешки прашања, истакна Османи.
Притоа, тој го спомена примерот на Хрватска.
– Хрватска имаше само 72 месеци преговори со Европската Унија заради една причина, затоа што позицијата и опозицијата постигнаа договор дека ќе се натпреваруваат во сите теми, но, не за Европската Унија. И затоа сметам дека сега во предизборна кампања, отворање на дебатата, мислам дека нема да помогне на процесот. Можеби има добра намера. Јас не сум убеден дека со резолуции тоа ќе се постигне. Преговарачката рамка е најважниот документ што нѐ штити од какви било нови барања. Нема поважен документ. Во наш интерес е, смета Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фарс: Трамп бил вклучен во план за…
Иранската новинска агенција Фарс објави дека американскиот…
Хакери упаднале во погонскиот систем на огромен…
Американските власти откриле дека хакери успеале да…
Да не го мислите тука е: Ким…
Северна Кореја утрово истрела засега неидентификуван проектил…
Трамп: САД нема да го забранат извозот…
Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту…
Двајца Иранци обвинети за подготовка на терористички…
Британските власти обвинија двајца ирански државјани за…