Уапсени двајца млади од Трубарево, палеле кабли-мабли во Аеродром
Двајца жители на скопското село Трубарево се приведени поради сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според информациите од МВР, тие вчера околу 12:30 часот во парк на булевар „Февруарски поход“ во Аеродром палеле кабли.
„Вработен од Општината Аеродром пријавил дека во парк на булевар „Февруарски поход“ две лица палат кабли, по што на местото излегла полициска екипа од Полициската станица Аеродром и ги затекнала и привела осомничените Т.М. (23) и И.М. (26)“ соопшти МВР.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени двајца млади од Трубарево, палеле кабли-мабли…
Двајца жители на скопското село Трубарево се…
Непостапувањето за Росица ќе влезе во предистрага…
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција…
Додик се предомисли: Неговата партија оди на…
Политичката партија предводена од Милорад Додик сепак…
Повеќе од половина од државните институции не…
Од вкупно 1 514 државни институции, до…
УЈП ги проверува инспекторите кои ги предупредувале…
УЈП презема мерки по наводите дека нивни…