Други земји „им ја украле“ филмската индустрија на САД: Трамп ќе воведува 100% царини на филмови од странство
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави воведување на 100-процентна царина за сите филмови снимени надвор од САД, откако други земји, според него, ја „украле“ американската филмска индустрија.
Во изјава на социјалната мрежа „Truth social“, Трамп изјави дека Калифорнија, поранешниот центар на глобалната филмска продукција, е особено погодена, а за ова го обвини „слабиот и некомпетентен гувернер“ на таа федерална држава.
Филмската индустрија ни е одземена, исто толку лесно како кога земате бомбони од дете, предупреди Трамп и додаде дека поради ова воведува 100-процентна царина за сите филмови снимени надвор од САД.
Одлуката, која се однесува на сите странски продукции, е дел од пошироката политика на Трамп за економски протекционизам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски сојузни држави тужат против новите царини…
Група од 25 американски сојузни држави предводени…
Мицкоски: Македонија е меѓу државите кои не…
Македонија е меѓу државите кои не добија…
Трамп подготвува нови царини за 60 земји…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предлага…
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…