Турските пензионери масовно се селат во Бугарија
Бугарија станува нова дестинација за турските пензионери, кои во сè поголем број ја избираат земјата за долгорочен престој. Од минатата година, тие имаат можност да аплицираат за дозвола за престој, што ја отвори вратата за масовна емиграција, јавува БТА повикувајќи се на турските медиуми.
Весникот „Хабер Хуриет“ наведува дека интересот е резултат на тешката економска состојба во Турција, особено високата инфлација што им ги намалува приходите на пензионерите. Во споредба со тоа, животот во Бугарија нуди пониски трошоци, стабилност и полесен пристап до европскиот пазар.
Дополнителна предност за пензионерите е тоа што престојот во Бугарија овозможува полесно патување низ цела Европа, што уште повеќе ја зголемува атрактивноста на земјата како нов „магнет“ за турските граѓани во пензионерски денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Русија се обидува да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Се бара укинување на ветото во ЕУ,…
11 земји членки на Европската Унија побарале…
Кипар со најголем пад на туризмот во…
Бројот на ноќевања во туристички сместувачки капацитети…
Уапсен 51-годишник од Тетовско, пијан ги нападнал…
Полицијата уапсила 51-годишен маж од тетовско село,…
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…