Дојава за бомба на семејниот имот на Додик

t

На семејниот имот на поранешниот претседател на босанскиот ентитет РС, Милорад Додик, е пријавено дека има поставена бомба.

Порталот „Provjereno.info“ го објавува ова, додавајќи дека полицијата веќе е на лице место и дека се спроведува контрасаботажна инспекција.

Иако засега нема детални информации за овој настан, треба да се напомене дека Додик не е на семејниот имот. Имено, тој утрово пристигна во Сочи, каде што се одржува 22-риот годишен состанок на Меѓународниот дискусионен клуб Валдаи.

Овогодишната тема на еден од најважните меѓународни форуми посветени на глобалната економија и политика е „Полицентричен свет: Упатство за употреба“.

Во текот на четири дена, водечки меѓународни и руски експерти, политичари и академици ќе дискутираат за клучни глобални прашања, а учесниците ќе се сретнат и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и други функционери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојава за бомба на семејниот имот на…

На семејниот имот на поранешниот претседател на…

Филипче: Пад на инвестициите од 600 на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју…

Нетанјаху вети дека нема повторно да го…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рече на…

Единаесет Срби уапсени за напади врз синагоги…

Српските власти во понеделник објавија дека уапсиле…

Трамп воведува нови царини за дрвена граѓа…

Американскиот претседателот Доналд Трамп нареди воведување на…