Уапсени двајца турски државјани во Скопје, му се заканувале на едно лице дека ќе го убијат ако не им даде пари

t

„На 29.09.2025 во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во координација со јавен обвинител, ги лишија од слобода Е.О.(29) и Е.А.(22), двајцата од Република Турција. Тие се затекнати при примање 40.000 евра од Х.Џ.Ч.(26) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои претходно се кримтехнички обработени.“

Имено, претходно во полициска станица Х.Џ.Ч. пријавил дека неколку дена лицето Б.О. од Република Туција, кој живеее во Обединетите Арапски Емирати, постојано му се заканувал дека ќе го убие ако не му дава пари. Според пријавеното, пред да го пријави настанот во полиција, му се јавил Е.О. и го известил дека парите треба му ги даде нему и дека на договореното место ќе дојде со уште едно лице.

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде подмесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Словачките лекари му забранија на Фицо да…

Информативната служба на словачкиот премиер Роберт Фицо…

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата…

Протестите поради кризата со домувањето во Шпанија…

Доминација на македонскиот тенисер Алексовски на турнирот…

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години)…

Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради…

Дел од улиците и булеварите во Скопје…