БУРУ го “размрда” Скопје
Викендов, во саботата, се одржа првата БУРУ журка во Скопје.
Буру е колектив од млади луѓе кои сакаат да направат промена во културата и ноќниот живот, а токму тоа го остварија со журката која се одржа во Музејот на современа уметност Скопје. “Сте го донеле Берлин во Скопје” и “Скопје вечерва звучи и изгледа како Солун” се само мал дел од позитивните коментари на присутните на Буру.

Атмосферата на Буру ја загреваше L.O.V.D – музичар и продуцент кој настапува со live електронска музика комбинирајќи жанрови како електро, синт, хаус, гтек и други. Следен презема Ampov, веќе добро познат и талентиран млад ДЈ, кој воедно е дел и од тимот на Буру, претставувајќи го во најдобро светло со својот енергичен сет. За крај, изненадување за присутните беше Man With The Speaker, кој доаѓа директно од Атина и внесе посебна енергија во вечерта што долго ќе се зборува и памети.



Буру не е “уште една” журка во Скопје. Буру е ресетирање на градот, културата и ноќниот живот, промена за која не бевме ни свесни колку беше потребна. Буру е почеток на нешто што никогаш претходно не се случило, а ќе остане запаметено засекогаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…