Филипче: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е како реприза на лош стар филм, истите манипулации, истите кукавички стратегии
Година и пол ВМРО-ДПМНЕ нема со што да се пофали, нема нови мерки, нема развојни политики и затоа ја почнаа старата проверена приказна со напади кон ДУИ. Јас ова го нарекувам стратегијата на политичките кукавици“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Пробиштип.
Национализмот и нападите со ДУИ им останаа како единствено оружје да ги оттргнат луѓето од реалните проблеми. Да заборават дека немаат доволно пари, дека цените растат, дека државата стои во место“, додаде Филипче.
Претседателот на СДСМ порача дека триковите на ВМРО-ДПМНЕ се одамна прочитани од граѓаните.
„Господа од ВМРО-ДПМНЕ, дали мислите дека можете повторно со истите трикови да ги излажете граѓаните? Не можете, затоа што сте прочитани како буквар, како стара истрошена книга која сите ја знаат. Вашето владеење е реприза на стар филм кој луѓето го знаат на памет. Секој следен чекор е толку предвидлив, секоја манипулација веќе видена. Секоја лага веќе 100 пати кажана“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е како реприза…
Година и пол ВМРО-ДПМНЕ нема со што…
Момче од Скопско натепано од врсници на…
Вчеравечер, жена од скопското село Радуша пријавила…
Кандидатот на СДСМ за Пробиштип, Анастасов: Бесплатен…
„Денес не сум пред вас само како…
Започна судењето против поранешната државна антикорупционерка Димитровска,…
Денеска започна судскиот процес против поранешната претседателка…
Стејт департментот го негира Курти за стратешкиот…
Прекинот на Стратешкиот дијалог „целосно се заснова…