Не сум за нови „црвени линии“, туку за договор дома, вели Сиљановска Давкова
„Не сум за нови „црвени линии“, јас сум за договор дома. Ако одиме надвор со консензус, тогаш ќе не почитуваат, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Сител, коментирајќи ја предлог-резолуција што ја претстави лидерот на СДСМ Венко Филипче за европските интеграции со „црвени линии“.
„Веќе нема „црвени линии“, линиите се веќе прегазени или избришани со гума. Она што требаше ние да го сториме, бидејќи ова не е веќе некој нов предлог – пред него имало неколку декларации, една од нив направена и со помош на МАНУ. Очекував и се израдував, ама за многу кусо време дека ќе седнат лидерите на партиите, седнаа, ги закопаа секирите, и јас мислев тоа е оној моментумот политички кога ќе одат заедно во Брисел и ќе речат: Видете, ние веќе не знам колку пати посегнавме по уставни измени, резултат нема, очигледно не е тоа решението. Уставот се менува, но политиката на соседите кон нас останува иста. Ајде и ние малку да бидеме по моделот на бугарските или грчките политичари, не мора да го менуваме Уставот, ама да седнеме и да изградиме платформа на преговори. И да не одиме никаде надвор и со никого да не разговараме пред да повикуваме на тоа. Што мислиме заедно дека е можно, а што мислиме дека е неможно. И како да тргнаа работите, одеднаш ја видов посетата на лидерот на СДСМ на Брисел и тој рече дека е спремен да го жртвува својот мандат само да сме исчекореле. Ако имате еден чекор – уставна измени и потоа пречка, ништо не сте сториле, само сте го смениле Уставот – тоа не е црвена линија. Јас не сум за линии, јас сум за договор дома“, рече Силјановска Давкова.
Според неа, национализмот се случил онаму каде што не смеело да се случи – во Европскиот парламент.
„Национализмот се случи таму каде што не смееше – во Европскиот парламент. Тоа не беше слобода на говор, тоа беше говор на омраза. Не беа застапници на тој говор само десните партии, туку сите застанаа зад тоа дека се обединиле и го урнале нашиот предлог. Значи ние не треба националистички да настапуваме, ниту можеме да настапуваме, меѓутоа може надвор со консензус да одиме, тогаш ќе не почитуваат. Не се работи за партиски прашања, се работи за национални прашања – нешто за што навистина треба да има консензус“, вели претседателката.
Во однос на тоа дали може покрај сето ова да напредуваме напред кон Брисел, таа посочи дека не може преку ноќ сè да се смени, потребен е консензус од ЕУ, но тоа, вели таа, е исто така на линија на филозофијата на ЕУ, оти филозофијата на ЕУ нас нè привлекува и сите други, а таа е единство во различности или почитување на националниот и културниот идентитет во тој политички систем како систем на држави и нации и почитување на дигнитетот и интегритетот.
„И ние дома не треба да бегаме од причините врзани за Копенхагенските критериуми, тие биле за сите, треба да важат и за нас. Меѓутоа, не можете да постигнете исчекор во исполнување на ирационални барања бидејќи ирационалното нема основа – тоа раѓа ново ирационално барање“, оцени Силјановска Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не сум за нови „црвени линии“, туку…
„Не сум за нови „црвени линии“, јас…
Зеленски: Ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес предупреди…
Вучиќ е прозван да открие кој стои…
Вучиќ е прозван да открие кој го…
Филипче: Мицкоски да не глуми опозиција, не…
„Го слушам Мицкоски вчера, вика после изборите…
Мелани Тасева се врати дома- најтешко повредената…
Најтешко повредениот преживеан пациент од трагедијата во…