Објавено на:

Грција денеска парализирана од генерален штрајк

t

Без бродски и железнички сообраќај е денеска Грција поради 24-часовниот генерален штрајк на најголемите грчките синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и во приватниот сектор (ГСЕЕ), во кој учествуваат и државни службеници, наставници, здравствени работници, морнари, таксисти итн, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот, што ќе ја парализира земјата е поради новиот закон за работни односи, кој според синдикатите предвидува и 13 часовно работно време, бараат повлекување на одредбите за уредување на работното време и негово намалување, но и целосно враќање на слободните колективни преговори.

Бродовите денеска ќе останат закотвени на пристаништата, возовите на пероните, а единствено нема да има проблеми во воздушниот сообраќај со оглед на тоа што закажаниот штрајк на контролорите на летање, надлежниот суд го прогласи за незаконски.

Атина денеска е без такси превоз, поради учеството на такси возачите во штрајкот, а проблеми ќе има и во јавниот превоз, со оглед на тоа што метрото, автобусите, трамваите и тролејбусите ќе сообраќаат неколку часа.

Во штрајкот учествуваат и синдикатите на вработените во државните болници, студентски здруженија и организации, просветните работници организирани од нивниот синдикат, со што можно е некои училишта да бидат затворени.

Во Солун, во Атина и во други грчки градови за претпладнево закажани се протести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…

По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…

Трамп даде по 100 долари на 20…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…