Трајановски: Мојата визија за градот е соработка со сите што носат знаење, искуство и искрена желба за подобро Скопје
Александар Трајановски, кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Град Скопје, во интерјву зборуваше за решавање на проблемите со кои се соочува градот Скопје, и кои се неговите предизвици и решенија на се она со кое би се соочил доколку ја добие градоначалничката функција.
Според него најголемите проблеми со кои се соочува Градот Скопје се урбаниот хаос, дивите депонии, загадениот воздух и јавниот превоз, а неговата визија е да води политика на дијалог и соработка со Советот на градот. Според него решението за јавниот превоз е БРТ, тоа да биде прва,а а не последна опција на граѓаните.
За справување со загадениот воздух во Скопје, приоритет е формирање на Комунална полиција, забарана и сторга контрола на горење отпад и гуми. Долгорочната стратегија е да изградиме систем кој ќе спречува, а не само ќе реагира на загадувањето – тоа значи модерен јавен превоз со нови еколошки автобуси, град без диви депонии и современи стандарди за индустриските капацитети. – изјави Трајановски.
На прашањето за дивите депонии рече дека е неопходно ново планирање на капацитетите, инвестирање во постројки за рециклирање и енергетско искористување на отпадот.
“Кога ќе ја објавиме програмата ќе видите дека предвидуваме решенија и се определуваат нови локации кои соодветствуаат на потребите на Скопје од овој век, а не на Скопје од седумдесетите години.“ – додаде тој.
Најави решенија за урбанистичкиот хаос во градот преку транспарентна и јавна расправа. Според него најдоброто решение за справување со отпадот кој се таложи во главниот град е секоја општина да има свое Комунално претпријатие, преку кое ќе се грижи за чистотата на општината.
Зборуваше за решавањето на проблемите со бездомните кучиња и задржувањето на младите тука. Најави изградба на Луна Парк и мастер-план за рехабилитација на Зоолошката градина.
„Мојата визија не е затворен град и тесно раководство, туку место каде што има простор за соработка со сите што носат знаење, искуство и искрена желба за подобро Скопје. Противкандидатите ми се политички конкуренти, но во суштина сите сме обврзани кон истиот интерес – подобар град. Затоа, доколку сум градоначалник, во мојот кабинет ќе има место за луѓе што сакаат да придонесат, без разлика на партиска или идеолошка припадност.“ – додаде Трајновски.
ИЗВОР: Вечер
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трајановски: Мојата визија за градот е соработка…
Александар Трајановски, кандидатот на ГРОМ за градоначалник…
Поради студеното време, грејната сезона почнува од…
АД ЕСМ информира дека грејната сезона за…
Минималната плата во Албанија ќе достигне 515…
Почнувајќи од 2026 година, најниската плата во…
Судењето за „Онкологија“ одложено за 8 октомври
Судењето против поранешниот директор на Клиниката за…
Отворена бесплатна телефонска линија за пријава на…
Од денеска во Канцеларијата на Народниот правобранител…