Oстанeте во земјава и по студиите и тука градете ја својата иднина, им посака Јаневска на бруцошите

t

Во своето обраќање пред пристутните, министерката за образование и наука рече дека институциите се посветени на подобрување на квалитетот на високото образование и креирање услови за подобар живот на младите во земјава

Посакувам да останете во својата земја и по студиите – порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час. Министерката ја поздрави новата генерација на студенти на Универзитеот „Свети Кирил и Методиј“ и им посака среќа на бруцошите, велејќи им дека се на вистинското место.

„Сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век, сте на вистинското место, во својата земја, на најстариот универзитет, каде што професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се вашиот ентузијазам да го насочат кон дисциплина и одговорност да изградите капацитети за живот во свет што брзо се менува“,порача Јаневска.

Во своето обраќање пред пристутните, министерката рече дека институциите се посветени на подобрување на квалитетот на високото образование и креирање услови за подобар живот на младите во земјава. На студентите им посака да останат во земјава и по студиите и тука да ја градат својата иднина.

„Тоа е единствениот пат што води кон просперитет на Македонија“,додаде Јаневска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…

Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…

Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…

Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…

Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…

Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…