СДСМ: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

t

Неспособноста и лагите на Орце Ѓоргиевски, се вистинска слика за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. – изјави во денешната прес – конференција, Кети Штерјова – кандидатка за советничка во Град Скопје од СДСМ.

Орце не можеше да ги реши основните проблеми на општина Кисела Вода, не успеа ниту сметот да го исчисти.

А сега истиот тој Орце ветува дека ќе го исчисти целиот град за 72 часа.

Граѓаните не може да му веруваат дека ќе исчисти Скопје за 72 часа, кога четири години не успеа да ја исчисти ниту Кисела Вода.

„Расадник“ е школски пример за неговата неспособност. Погледнете, ѓубре на секој чекор, неподнослива нечистотија, граѓани кои со денови не можат да ги отворат прозорците.

Инфраструктурен хаос, недостиг на паркинг места и кучиња скитници насекаде. За Ѓоргиевски 72 часа не се доволни само „Расадник“ да го среди, а камоли цело Скопје.

Ова е вистинското лице на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Од Данела Арсовска до Орце Ѓоргиевски, резултатот е катастрофа. Скопје е претворено во град на ѓубре, диви депонии и загадување.

Со Орце и ДПМНЕ Скопје никогаш не било повалкано и позапуштено.

По четири години целосна власт во Скопје, граѓаните живеат во град кој претставува ризик по нивното здравје и живот. За оваа состојба ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорно.

На скопјани им е преку глава од лаги, нечистотија и депонии. Ѓоргиевски и ВМРО-ДПМНЕ не се решение на проблемот со ѓубрето во Скопје тие се самиот проблем!

Затоа следува казна од граѓаните на изборите. Скопје заслужува подобро. – додаваат од опозициската СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски го нападна Трамп: Путин е агресор…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го изрази своето…

Светот се приближува кон нуклеарна војна, тврди…

Високиот руски дипломат кој е постојан претставник…

Сиљановска-Давкова од Охрид: Проширувањето на ЕУ е…

Проширувањето на Европската Унија не е само…

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Оспорувањето на…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Хрватска…

Франција влезе во техничка рецесија – БДП…

Француската економија забележа поостар пад во третиот…