ДУИ: Промотивната конвенција на ВЛЕН во Скопје го покажа „политичкиот неуспех“ на коалицијата
Испраќајќи фотографија, за која велат дека е од синоќешниот митинг на ВЛЕН, од ДУИ додаваат дека „бледата конвенција“ е „најјасната фотографија на нивниот неуспех“
Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека промотивната конвенција на коалицијата ВЛЕН, која се одржа синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, јасно го покажала „политичкиот реалитет“.
Според ДУИ, салата останала со „празни седишта“ и покрај, како што велат, „разулавената пропаганда и нелегалните притисоци“. Партијата смета дека граѓаните не им веруваат на ВЛЕН, па дури и нивните поранешни поддржувачи ги напуштиле, додека „вистинската жива атмосфера“ била присутна низ чаршиите во повеќе градови.
ДУИ нагласува дека народот не одговорил на повикот да поддржи проект кој, според нив, ја изгубил секоја кредибилност и се претворил во „голема измама“.
Во соопштението, ДУИ наведува ветувања на ВЛЕН за кои тврди дека не се исполнети.
„Ветуваа 2 500 вработени и 10 000 евра за секој граѓанин, а граѓаните добија нула, ветуваа Албанска академија на науките – го донесоа Додик и српските донации, ветуваа албанска банка – донесоа српска банка, ветуваа уставни измени и европска интеграција – го донесоа ’српскиот свет’, ветуваа национални програми – го донесоа српскиот МТЕЛ, ветуваа почитување на Охридскиот договор – го предадоа во рацете на путинистот Иван Стоилковиќ“,
се вели во соопштението од ДУИ.
Испраќајќи фотографија, за која велат дека е од синоќешниот митинг на ВЛЕН, од ДУИ додаваат дека „бледата конвенција“ е „најјасната фотографија на нивниот неуспех“. ДУИ тврди дека Албанците веќе ја донеле својата одлука и ја гледаат ВЛЕН како „огранок на ВМРО кај Албанците“.
Од ДУИ додаваат дека се „единствената адреса на Албанците за силно, достоинствено и европско претставување“ на претстојните избори на 19 октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Промотивната конвенција на ВЛЕН во Скопје…
Испраќајќи фотографија, за која велат дека е…
Коалицијата „Сите за правично судење“ за Пулс:…
Доколку обвинението за кочанската трагедија не е…
Полицајци на пешачки со мобилни телефони го…
Фотографија на која полициски службеници користат мобилни…
Рочиштето на Штекли одложено, добил еден вид…
Рочиштето за случајот „Штекли“, во кој повеќе…
Орбан: Третата светска војна може да започне…
Третата светска војна би можела да започне…