(Видео) Шокантна шовинистичка изјава на кандидат за градоначалник на ВЛЕН: Теорија нема да поддржам Македонец во втор круг, нема да ги посрамотам моите претци!
До редакцијата на Инфомакс беше испратен шокантен сегмен од интервју на кандидатот на ВЛЕН за општина Брвеница, Хаќим Рамадани кој имаше недозволив шовинистички испад во екот на изборната кампања за престоните локални избори.
Неговата изјава длабоко ја вознемири и ги разгори поделбите во македонското општество.
Рамадани во изјавата вели дека што и да се случи и во ситуација да не помине во вториот круг не постои шанса тој да кандидат Македонец за градоначалник посочувајќи дека тоа би значело дека ќе ги предаде своите дедовци, прадедовци и своите претци.
Ова доаѓа во ситуација кога Христијан Мицкоски за прв пат во историјата на ВМРО-ДПМНЕ не предложи свои кандидати за градоначалници во Западна Македонија и одлучи отвонео да го поддржи Влен и неговите кандидати.
За прв пат после долго време на минатите локални избори Брвеница доби градоначалник Македонец кој беше поддржан од сите етнички заедници во општината поради неговите квалитети, Јовица Илиевски.
Сега кандидатот на ВЛЕН, вели дека ќе го поддржи ДУИ ако не влезе во вториот круг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…
Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…
Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…
23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…
Нови детали за Србинот што се удави…
Горан Комазец од Белград е човекот кој…
ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…
Владата даде зелено светло за ново задолжување…
Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…