Министерството за енергетика покрена 17 постапки за наплата на долгови од 32,8 милиони денари
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воспостави системски пристап за заштита на државата во сите судски постапки и за првпат активно покренува тужби за наплата на долгови од должници, соопшти министерката за енергетика рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
За првпат, воспоставуваме системски пристап со кој државата активно се брани во сите постапки и истовремено се покренуваат нови тужби за наплата на долгови од должници. Во изминатите години државата била оставена без активна правна заштита – не биле оспорувани клучни докази, не биле преземани мерки за застареност на побарувањата и не биле бранети државните позиции. Министерството го менува тој пристап: активно се вклучува во секоја судска постапка, бара стручни вештачења, ја координира одбраната со Владата, иницира постапки за наплата на долгот на државата. Обврска ни е да ги штитиме средствата на граѓаните и ставаме ред во правните постапки“, вели Божиновска.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со превземањето на надлежностите затекна шест судски предмети по поднесени Тужби за вкупна вредност од 421.862.824,00 денари, поднесени против Министерство за Економија.
„Правниот сектор при МЕРМС, уште при превземање на предметите изврши увид во истите и зема учество во судските постапки преку превземање на правни дејствија. Веќе има конкретни резултати: две тужби против државата во вредност од 315 милиони денари се одбиени, со што буџетот е заштитен од огромни трошоци, а вкупната вредност на предметите против Министерството е намалена од 421,8 милиони на 106,8 милиони денари“, рече Божиновска.
Секторот за правни работи при увидот во преземената документација утврдил дека воопшто нема поднесени тужби против должници (физички и правни лица) за наплата на долг кој произлегува од неплатен надомест. Сепак, во соработка со Секторот за минерални суровини, беше констатирано дека постојат повеќе застарени побарувања по основ на концесиски надомест, како и побарувања за неплатен концесиски надомест за кои не се поведени судски постапки, а има основ државата да бара исплата.
„Министерството покрена 17 постапки за наплата на долгови во вкупна вредност од 32,8 милиони денари, од кои дел веќе се завршени со спогодби и позитивни пресуди. Истовремено на Управен суд се водат околу 20 предмети поврзани со концесии, од кои веќе има позитивна пракса за одбивање на тужби и предлози за времена мерка“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет активни пожари на отворено во Македонија
До 13 часот денеска во државава се…
СДСМ: Под радарот течат матни зделки на…
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…
Психијатар за осомничениот сериски убиец од кумановско:…
Во Куманово продолжи судскиот процес против осомничениот…
Ќерка и мајка нападнати во семејниот дом
На 30.08.2026 во 10:30 часот во СВР…
Возел 163, па 169 км/ч на истата…
Триесет и четиригодишен државјанин на Србија е…