Македонските граѓаните сè почесто избираат сметките да ги плаќаат преку мобилен телефон
Сè повеќе граѓани ги напуштаат шалтерите, а сметките ги плаќаат со мобилни апликации и картички, покажуваат најновите податоци од Народната банка за вториот квартал од 2025 година.
Во споредба со истиот период лани, електронските плаќања растат за девет проценти по број, а по вредност дури за 20,9 отсто.
Најбрзо растат трансакциите направени преку дигитални канали – 18,6 проценти повеќе плаќања и 28,3 отсто поголема вредност. Од нив, дури 71 процент се направени преку мобилни телефони, што покажува дека токму мобилните апликации се омилената алатка за граѓаните.
Сè поголема е и употребата на платежните картички, бројот на плаќањата е зголемен за 8,4%, а вредноста за 11,4%. Растот најмногу доаѓа од интернет купувањата (14,8%), но има пораст и кај плаќањата во продавниците (7,9%).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…
Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…
Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…
Драма на небото над Србија: Воени ловци…
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…