СДСМ: 90% лаги на Орце Ѓорѓиевски за 80 % неисполнети ветувања

t

Секогаш кога Орце ги лаже граѓаните, тоа го прави со помпастични бројки и проценти. По лагата за чистење на Скопје за 72 часа, денес ја разобличуваме и новата лага за „90% реализација“ на неговата програма како градоначалник на Кисела Вода. – изјави во денешната прес – конференција Катерина Цаневска Арсовска – кандидатка за советничка во Скопје од СДСМ.

Вистината е сурова, очигледна и непобитна, Ѓорѓиевски не исполни ниту 20% од тоа што го вети. Над 80% од ветувањата во неговата програма останаа само на хартија.

Парковите во Црниче и Драчево и покрај речново корито што ги ветуваше не постојат.

Катните гаражи никаде ги нема, технолошките зони се само празни зборови, гасификацијата не е реализирана, велосипедските патеки и спортските објекти не се ни започнати. Единствено што се гледа се „крпеници“ и селективно осветлување за ПР и сликање.

Технолошките зони во Чупријан и Драчево не постојат ниту како идејно решение – нема ниту цртеж, ниту дефинирана локација, ниту конкретен проект. Гасификацијата на училиштата и градинките остана само како ПР најава, без никаква реална реализација на терен.

Од најавените 20 километри велосипедски патеки не е изградена ниту една, додека новите плоштади, базени, спортски сали, трим патеки, стационар за кучиња и ветената населба за млади не се ни почнати, ни испланирани – се остана празна пропаганда.

Во меѓувреме, јавните пари се трошат на сомнителни тендери, додека граѓаните живеат со депонии, мрак и дупки. Ѓорѓиевски ја претвори Кисела Вода во симбол на урбана запуштеност и корупција.

Сега истиот човек сака да управува со Скопје? Тоа не е визија, тоа е навреда за секој скопјанец.

Скопје заслужува вистински план и реални проекти, а не празни ветувања и ПР кампањи. Време е за крај на лагите на Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје заслужува повеќе. Не празни ветувања, туку вистински план. Не ПР кампањи, туку реални проекти. Не партиски грабеж, туку отчетност, транспарентност и посветеност кон луѓето. Време е за крај на лажната ера на Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ. Време е Скопје и Кисела Вода конечно да добијат локална власт што навистина работи за граѓаните. – додава Цаневска-Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Словачките лекари му забранија на Фицо да…

Информативната служба на словачкиот премиер Роберт Фицо…

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата…

Протестите поради кризата со домувањето во Шпанија…

Доминација на македонскиот тенисер Алексовски на турнирот…

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години)…