Давкова: Нам ни треба повеќе кантовство отколку макијавелизам

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествува на Седмиот состанок на Европската политичка заедница што се одржува во Копенхаген, каде што упати филозофска порака за потребата од промена во начинот на кој се води политиката. На форумот, кој собира претседатели и премиери од цела Европа, таа ќе говори на панел-дискусија за безбедносни закани, рамо до рамо со францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама.

Во изјава пред настанот, претседателката ја истакна потребата од поинаков политички пристап.

„Да кажам нешто како претставник на една мала земја. Нам ни треба политика како уметност на возможноста, наместо политиката со која живееме денес, во која прашањето е кој, кога и како победува. Ни треба повеќе кантовство отколку макијавелизам“, изјави Сиљановска Давкова.

Претседателката ќе биде говорник на панел-дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со која ќе претседаваат Макрон и Рама, што, како што рече, за неа претставува чест и одговорност.

На состанокот на Европската политичка заедница, освен лидерите на земјите од континентот, присуствуваат и челниците на европските институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…

Кличко ги повика жителите на Киев да…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…

Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…

Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…