По руско гранатирање исчезна струјата – дали заканата од радијација е вистинска?

t

Нормализирана е состојбата со електрична енергија во поранешната нуклеарна централа Чернобил во Украина по прекинот на струјата предизвикан од руското бомбардирање во близина на локацијата претходниот ден, изјавија украинските власти за АФП. Напад со руски беспилотни летала врз електричната инфраструктура предизвика прекин на електричната енергија повеќе од три часа, со што се загрозила безбедноста на оштетениот реактор со високо радиоактивни елементи кој е херметички затворен со метален капак.

Украинските власти соопштија дека немало ширење на радиоактивност во инцидентот. Портпаролот на Министерството за енергетика изјави дека денес сè функционира нормално.

Нуклеарната централа Чернобил се наоѓа во северна Украина, на околу 100 километри од Киев. Таа беше местото на најлошата нуклеарна несреќа во историјата во 1986 година, а последниот реактор беше затворен во 2000 година. Руската војска ја окупираше централата на почетокот на инвазијата на Украина во 2022 година, но се повлече од областа неколку недели подоцна. Друга украинска нуклеарна централа, Запорожје, беше бомбардирана неколку пати од руските сили, но без ширење на радиоактивност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По руско гранатирање исчезна струјата – дали…

Нормализирана е состојбата со електрична енергија во…

Пензионер од Велес е прво лице во…

Седумдесет и деветгодишен жител на Велес е…

Давкова: Нам ни треба повеќе кантовство отколку…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествува на…

Струмичките пожарникари за првпат добија 80.000 денари…

Во Струмица денеска е исплатена платата од…

Газдата на „Дурмо турс“ и уште еден…

Сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и…