Објавено на:

Метео: Студено со врнежи од дожд и снег!

t

Од УХМР јавуваат дека вроменливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка, а поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно: Следува период на стабилно и потопло…

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…

Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Метео: Облачно, студено и со снег!

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Во среда локални врнежи од дожд –…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Времето утре сончево со мала облачност, во…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…