Левица до Мицкоски: Објаснете зошто не покренавте постапка против Заев
Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас, соопштија од опозициската партија.
– Премиерот, кој треба да претставува државнички капацитет и стабилност, секојдневно ја дискредитира својата функција со контрадикторни изјави – наутро тврди дека Левица е во коалиција со ДУИ, а навечер дека токму ДУИ со своето негласање на измените на Изборниот законик придонеле за забрана за рекламирање на Левица.
Секој рационален човек гледа дека Левица никогаш не била и нема да биде во коалиција со било која партија. Постојат само две страни – Левица и народот, наспроти криминогените партиски картели.
Во обид за политички маркетинг, Мицкоски продолжува со своето себепонижување во име на коалицискиот партнер ВРЕДИ. На митинзи на ДПМНЕ ги брани и повикува своите членови да гласаат за кадрите на ВРЕДИ, претставувајќи го како најголемо зло тоа што Левица има кандидати во Тетово, Струга и Гостивар, градови кои ДПМНЕ и СДСМ, очигледно, ги избришаа од мапата на Македонија.
Премиере, кога ветувавте дека ќе го вратите достоинството на народот – ова ли го имавте на ум? Да ги терате сопствените членови да гласаат за луѓе кои јавно пропагираат соништа за Македонија како втора албанска држава, а во име на тие соништа жестоко ја напаѓате Левица?
Да потсетиме, кога се собра мнозинство за гласање на недоверба на владата на Заев, на таа маса седеше и Левица. Додека ние го баравме „исчезнатиот“ пратеник поради кој таа влада тогаш не падна, Вие објавувавте слики како оперирате масно ткиво.
Сега, кога сте на власт, зошто во име на бизнисите не покренавте ниту една постапка против Заев, додека тој гради раскош во Дубаи?
А речиси една година по исценираното бегство на Артан Груби, јавноста сè уште чека одговори. До каде е постапката, премиере? – велат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…
Левица: Ако за нешто треба да се…
Не се точни изјавите на Мицкоски дека…
Левица бараше една изборна единица и укинување…
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични.…
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Заев и Апасиев се обединија…
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС и Левица со…
Мицкоски: СДСМ во коалиција со Левица поднесоа…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…