30 години од атентатот врз Киро Глигоров

t

На 3. октомври во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.

Глигоров со тешки повреди на главата, го прживеа нападот. На местото на настанот загина неговиот возач Алекасндар Спировски, а повреден беше и телохранителот на тогашниот претседател Илчо Теовски. Од последиците од експлозијата загина и Христо Христоманов, случаен минувач. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски, исто така случајни минувачи.

Истрагата која беше спроведена утврди дека нападот бил добро испланиран и организиран, но и натаму организаторите ниту извршителите не се изведени пред лицето на правдата.

Атентатот беше извршен во возило „цитроен ами 8“, беа скриени 20 килограми експлозив, активиран од далечински управувач, во миговите кога возилото со Глигоров се движеше кон зградата на Собранието, и експлозијата се случи пред хотелот Бристол.

Експлозивната направа била производство на ЈНА, а содржела еден килограм пластичен експлозив, со стотици челични топчиња кои имаат смртоносно дејство во радиус од околу 50 метри. Автомобилот „ами-8“ бил намерно избран за поставување на бомбата затоа што има тенок лим.

Тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски на првата прес конференција организирана во тогашните американски простории,во центарот во Скопје, изјави дека во организацијата на атентатот е вклучена една мултинационална финансиско-економска групација, практично , со седиште во една соседна земја.

Беа извршени претреси на повеќе од 30.000 возила, легитимирани беа 188.000 лица. Во истрагата биле вклучени и безбедносни служби на САД, Германија и Британија, но и натаму извршителите не се познати.

За обидот за атентат врз него, Глигоров напишал и автобиографска книга „Атентат – ден потоа“, што ја промовирал во 2002 година.

Глигоров почина од природна смрт на 94-годишна возраст на 1. јануари 2012 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вашингтон Пост: СБУ го организираше убиството на…

Вашингтон Пост цитирајќи изјави напишаа дека за…

(Фото) Обид за атентат врз Роберт Кенеди:…

Вооружениот човек кој носел полициски беџ и…

27 години од атентатот врз Киро Глигоров:…

На денешен ден пред 27 години врз…

Косовската влада потврди: Планиран бил атентат врз…

Владата на Косово потврди дека имала информации…

БОМБА: Обид за атентат на Путин?! Поставен…

Телеграм каналот SVR General SVR кој е…