Лишено од слобода лице од радовишко за подметнување пожар

t

Нa 02.10.2025 во 12:30 часот во село Калаузлија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ш.М.(63) од с.Калаузлија. Тој се сомничи дека на 01.10.2025 околу 19:00 часот подметнал пожар покрај патот кој води кон село Калаузлија, кој бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш.

При преземање мерки, полициските службеници во близина на домот на Ш.М. го пронашле мотоциклот со кој бил кога го подметнал пожарот, како и други предмети кои ги користел при извршување на делото. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Ш.М. ќе биде поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишено од слобода лице од радовишко за…

Нa 02.10.2025 во 12:30 часот во село…

Укината забраната за товарни возила на Маврово-Дебар

Забраната за товарни моторни возила на регионалниот…

Потрошувачката кошница во Црна Гора достигна 2.080…

Потрошувачката кошница во Црна Гора достигна 2.080…

Вонредна состојба во регионот поради снег –…

Обилните снежни врнежи ја парализираа речиси целата…