Ѓорѓиевски ги повика чаирчани масовно да гласаат за да направи шест ленти на улицата „Цветан Димов“

t

Проширување на улицата Цветан Димов во Чаир ќе биде еден од првите проекти на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, доколку биде избран. Денес на чаирчани им вети булеварско решение за улицата која е едно од најтесните сообраќајни грла на Скопје која место да се помине за пет минути, поради метежот од паркирани автомобили и пешаци, се вози по половина час.

„Првиот и најзначаен проект за оваа општина е изградбата на булеварот Цветан Димов. По години одлагање по изборите конечно ќе се почне со реализација на овој проект кој претставува главна сообраќајна артерија што го поврзува Чаир со центарот на главниот град. Денес на овој потег дневно се движат по околу 100.000 возила бидејќи тука минуваат возачи од Чаир, Бутел и Шуто Оризари. Три општини кои се силно зависни токму од овој булевар. Сообраќајниот метеж овде одамна го надмина прагот на издржливост, а воедно носи и големи безбедносни ризици. Согласно проектот од мојата програма за Скопје овој булевар ќе биде изграден со шест коловозни ленти, велосипедски патеки, тротоари, зеленило и современо осветлување со што ќе се реши хроничниот хаос, но уште поважно, ќе се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот“, рече Ѓорѓиевски.

Проектот за уредување на Цветан Димов објасни дека е дел од неговата стратегија „Визија нула несреќи“, преку која до 2030 година Скопје ќе редизајнира 50 критични улици и крстосници применувајќи европски стандарди за урбана безбедност.

Освен булеварот, Ѓорѓиевски најави и изградба на катна гаража.

Верувам дека граѓаните ќе ми дадат поддршка, не за да победам во првиот круг туку за да не губиме две до три недели, затоа ги повикувам граѓаните масовно, референдумски да излезат. Пред нас имаме зимски период во кој ќе мора за некои процеси веднаш да реагираме и да ги доведеме во нормална состојба“, повика Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски ги повика чаирчани масовно да гласаат…

Проширување на улицата Цветан Димов во Чаир…

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат…

ВМРО-ДПМНЕ може секој ден да го пушта…

Лишено од слобода лице од радовишко за…

Нa 02.10.2025 во 12:30 часот во село…

Укината забраната за товарни возила на Маврово-Дебар

Забраната за товарни моторни возила на регионалниот…

Потрошувачката кошница во Црна Гора достигна 2.080…

Потрошувачката кошница во Црна Гора достигна 2.080…